Skip to main content

Советот на Општина Охрид ја одржа 10-тата седница

Реализацијата на буџетот на Општина Охрид за првиот квартал од 2026 година изнесува 20%.
 |  инфодеск  | 

Градските советници денеска ја одржаа 10 седница на советот на Општина Охрид. Советниците ги разгледаа и усвоија извештаите за работењето на јавните претпријатија „Водовод“ „Нискоградба , Градски Пазар, „Охридски комуналец“, „Градски гробишта“ и „Билјанини извори“ за првиот квартал од годинава.
Потоа беше отворена заедничка расправа за остварувањето на годишните и развојните програми и буџетот на општината за периодот на првото тромесечје. Без поголема дискусија беа усвоени сите извештаи.

Советот ја усвои и иницијативата за изготвување на локален еколошки акционен план за животна средина (ЛЕАП) за подрачјето на општина Охрид за периодот 2026-2032 како и одлуката за именување координатор и заменик координатор и формирање локален управен комитет за ЛЕАП за подрачјето на општина Охрид.

Беа усвоени и неколку предлог одлуки од урбанистичката сфера меѓу кои и две иницијативи за експропријација на градежно земјиште. Советниците ја изгласаа и точката со која беше надополнет дневниот ред, односно Предлог програмата за измени и дополнување на програмата „Други комунални услуги“ за 2026 година што ја предложи Секретарот Александар Китески.