УХМР
Невреме со пороен дожд и електрични празнења најавено за денес и утре
Минималните температури од 13, а максималните до 28 степени Целзиусови.

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималните температури од 13, а максималните до 28 степени Целзиусови.
Од УХМР дополнително за четврток најавуваат нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално утре и во четврток процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град. Од петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето.







