ЈП Градски Пазар Охрид објави оглас за издавање тезги за сувенири во Охрид

ЈП Градски Пазар Охрид објави јавен оглас за прибирање пријави за користење урбана опрема – типизирани тезги за продажба на сувенири на повеќе атрактивни локации во Охрид за туристичката сезона 2026.
Според огласот, урбаната опрема ќе се издава за период од 1 јуни до 30 септември 2026 година, а предвидени се вкупно 19 локации за продажба на сувенири.
На локацијата „Стар град – Варош“ ќе бидат поставени 10 тезги, од кои:
- 5 локации се наоѓаат на патеката од Самоилова тврдина кон Плаошник,
- 4 локации се пред влезот на Плаошник,
- 1 локација е пред влезот на Антички театар Охрид.
Дополнително, на локацијата „Кеј Македонија“ се предвидени уште 9 тезги за продажба на сувенири.
Продажбата ќе се врши на унифицирани тезги со димензии 2 x 1 метар.
Од ЈП Градски Пазар Охрид информираат дека графичките прикази со нумерички ознаки на локациите можат да се преземат од официјалната веб-страница на претпријатието или директно во нивните простории секој работен ден од 07:00 до 15:00 часот.
Целосниот оглас е достапен на следниот линк:







