Skip to main content

ЈП „Градски Пазар“ Охрид го објави огласот за издавање типизирани тезги – куќарки на Кеј Македонија

Станува збор за простор со намена за продажба на храна и сувенири, кој ќе биде издаден за период од 15 јуни до 15 септември 2026 година.
 |  инфодеск  | 
Типизирани куќарки

ЈП „Градски Пазар“ Охрид објави оглас за издавање простор и урбана опрема за комерцијално користење, сместени во продажен пункт на локацијата Кеј Македонија.

Станува збор за простор со намена за продажба на храна и сувенири, кој ќе биде издаден за период од 15 јуни до 15 септември 2026 година.

Од претпријатието информираат дека рокот за доставување понуди е до 4 јуни 2026 година (четврток) до 10 часот.

Графичките прикази со нумерички ознаки на урбаната опрема и намената на локациите заинтересираните субјекти можат да ги преземат од официјалната веб-страница на ЈП „Градски Пазар“ Охрид или директно во просториите на претпријатието секој работен ден од 07 до 15 часот.

Целосниот оглас е достапен на веб-страницата на ЈП „Градски Пазар“ Охрид на следниот ЛИНК.