Skip to main content

ОСУ “Св. Климент Охридски” – Охрид

Објавена првата епизода на подкастот „Гимназиски муабети“, гостинка директорката Светлана Велкоска

Од Гимназијалци – За Гимназијалци!
 |  инфодеск  | 

Младинската заедница од охридската Гимназија со поддршка од Europe House ја започна реализацијата на новиот подкаст „Гимназиски муабети“, проект создаден од млади и наменет за младите. Во првата епизода гостува директорката Светлана Велкоска, а преку отворен и искрен разговор се обработуваат теми значајни за секој гимназијалец.

Подкастот има за цел да отвори простор за дискусија за ученичките права, менталното здравје, образованието, младинското учество и секојдневните предизвици со кои се соочуваат младите, но и да ги истакне позитивните приказни кои инспирираат и мотивираат.

Под мотото „Од гимназијалци – за гимназијалци“, овој проект носи свежа енергија и автентичен младински глас во училиштето и заедницата.

Режијата и монтажата се дело на Иво Георгиески, камерата е на Михаил Трифуновски, водител е Матеј Баткоски, а ментор на проектот е проф. м-р Перчо Божиновски.