Поднесена кривична пријава против жител на Калишта за предизвикување пожар покрај патот Струга–Калишта
Во пожарот немало повредени лица.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 53-годишен жител на струшкото село Калишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.
Според информациите од полицијата, на 9 април 2026 година, пријавениот на сопствено земјиште лоцирано покрај регионалниот пат Струга–Калишта запалил сува трева и нискостеблеста вегетација што претходно ја собрал.
Набргу потоа, пожарот се проширил кон дрвниот насад со јасика покрај патот.
Во пожарот нема повредени лица.







