„Цветни балкони – Цветен Охрид“ по повод Светскиот ден на животната средина
Акцијата ќе се реализира на 04 јуни (четврток) и 05 јуни (петок) 2026 год.

Општина Охрид традиционално и годинава во рамки на одбележувањето на 5 – ти Јуни – Светскиот ден на животната средина, ќе го реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид“.
Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици:
- ул.„Прилепска“,
- ул.„Винковачка“,
- ул.„Будва“,
- ул. „Радојца Новичиќ“,
- ул.„Кленоец“
Акцијата ќе се реализира на 04 јуни (четврток) и 05 јуни (петок) 2026 год.
Граѓаните од гореспоменатите улици кои се заинтересирани за жардинери со цвеќе, истото ќе можат да го подигнат во расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид на 04 јуни (четврток) и 05 јуни (петок) 2026 година, од 9 до 13 часот, а со себе да носат копија од лични документи (лична карта или пасош) за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење.




