Skip to main content

Водата од артериска чешма „Џамија“ на ул „Даме Груев“ е исправна за пиење

По спроведените контролни испитувања и добиените резултати од последните анализи, утврдено е дека водата е здравствено безбедна и може повторно да се користи за пиење.
 |  инфодеск  | 

Според најновите лабораториски анализи, водата од артерската чешма „Џамија“ на улицата „Даме Груев“ е исправна за пиење.

Со решение на Агенцијата за храна и ветеринарство од 22 мај 2026 година беше забранета употребата на водата за пиење, откако анализите извршени од ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид покажаа дека таа не е исправна за употреба.

По спроведените контролни испитувања и добиените резултати од последните анализи, утврдено е дека водата е здравствено безбедна и може повторно да се користи за пиење.