општина охрид
Привремен режим на сообраќај на улица „Кленоец“
Најново соопштение од Општина Охрид.

Поради градежни активности од четврток (04.06 2026г.) ќе биде воведен привремен режим на сообраќај на улица „Кленоец“ од пресекот со улица. „7-ми Ноември“ до пресекот со булевар „ Железничка“.
Се апелира до граѓаните во период на реконструктивните активности да се почитуваат сообраќајните правила и знаци, да не се паркираат или привремено оставаат возила на оваа јавна површина.




