Skip to main content

Општина Охрид го распиша конкурсот за најдобар расказ по повод „Вечер на Живко Чинго“

Крајниот рок за доставување на расказите е 6 јули 2026 година, додека резултатите од конкурсот ќе бидат објавени во дневниот печат најдоцна до 31 јули 2026 година.
 |  инфодеск  | 
Вечер на Живко Чинго

Општина Охрид го распиша годинешниот Конкурс за најдобар расказ, кој традиционално се организира во рамки на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“.

Право на учество има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија, кој може да конкурира со свој авторски расказ. Трудовите треба да бидат доставени во печатена форма, во три примероци и под шифра, без лични податоци за авторот.

Пријавите се доставуваат на адреса: Општина Охрид, ул. „Димитар Влахов“ бр.57, со назнака „За Конкурсот за расказ“. Авторското право се докажува со четврти примерок од трудот.

Крајниот рок за доставување на расказите е 6 јули 2026 година, додека резултатите од конкурсот ќе бидат објавени во дневниот печат најдоцна до 31 јули 2026 година.

За најдобриот расказ е предвидена парична награда во износ од 30.000 денари. Наградата ќе биде врачена на манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“, која традиционално секоја година се одржува во родното место на македонскиот писател, Велгошти.

Манифестацијата е посветена на животот и творештвото на истакнатиот македонски раскажувач Живко Чинго и претставува еден од најзначајните културни настани во охридскиот регион.