ЈП „Градски Пазар“ Охрид објави оглас за издавање локации за урбана опрема на кејот и во центарот на градот

ЈП „Градски Пазар“ Охрид објави оглас за издавање простор – локации за поставување урбана опрема за комерцијално користење во текот на летната туристичка сезона.
Станува збор за вкупно 11 локации наменети за поставување станици за подвижна урбана опрема, распоредени на неколку атрактивни градски позиции.
Од претпријатието информираат дека четири локации се наоѓаат на улицата „Кеј Македонија“, шест локации на плоштадот „Крушевска Република“, додека една локација е предвидена на пешачката патека на потегот од каналот Студенчишта до хотелот „Парк“.
Локациите ќе бидат издадени за период од три месеци, од 15 јуни до 15 септември 2026 година.
Заинтересираните правни и физички лица своите пријави треба да ги достават најдоцна до 8 јуни 2026 година до 11 часот.
Графичките прикази со нумеричките ознаки на локациите можат да се преземат од веб-страницата на ЈП „Градски Пазар“ Охрид – jpgradskipazarohrid.mk, како и во просториите на претпријатието секој работен ден од 7 до 15 часот.
Од ЈП „Градски Пазар“ ги повикуваат сите заинтересирани субјекти навремено да се информираат и да ги поднесат потребните документи согласно условите од огласот.
Огласот е на следниот ЛИНК.



