Skip to main content

Општина Охрид закажa јавно излагање за урбанистички проект во Воска и Кошишта

Јавната објава е наменета за непосредните соседи на проектниот опфат, односно сопствениците на соседните парцели, за кои известувањата испратени по пошта не биле успешно доставени поради непозната или нецелосна адреса.
 |  инфодеск  | 

Општина Охрид информира дека на 10 јуни 2026 година (среда), со почеток во 12 часот, во Големата сала на Општината ќе се одржи јавно излагање за Проектната програма за изработка на Урбанистички проект со план за парцелација за градежните парцели 1.1 и 1.2 во делови од населбите Воска и Кошишта.

Станува збор за урбанистички проект кој се однесува на подрачјето опфатено со деталниот урбанистички план за 3-та урбана единица, а е изработен од компанијата ИНГРА ДООЕЛ Скопје.

Од Општина Охрид појаснуваат дека јавната објава е наменета за непосредните соседи на проектниот опфат, односно сопствениците на соседните парцели, за кои известувањата испратени по пошта не биле успешно доставени поради непозната или нецелосна адреса.

Заинтересираните граѓани и сопственици на соседни парцели можат да присуствуваат на јавното излагање и да се запознаат со предложеното урбанистичко решение.

Повеќе информации ТУКА.