општина дебрца
Заврши реконструкцијата на главната улица во Злести
Подобрена патната инфраструктура во селото Злести, Општина Дебрца.

Градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски, денес информираше дека завршен е уште еден важен дел од годишениот план за асфалтирање, односно комплетно е реконструирана главната улица во село Злести, на потегот од сретселото до крстосницата за Белчишта и Лешани.
-Со оваа инвестиција значително ја подобруваме патната инфраструктура, придонесувајќи за поголема безбедност во сообраќајот и полесно секојдневие на мештаните. Продолжуваме посветено да работиме на терен и да ги исполнуваме барањата на граѓаните. Чекор по чекор, заедно градиме поубава и модерна Дебрца!, изјави градоначалникот Сиљаноски.




