Приведен 75-годишен жител на Пештани поради незаконит риболов во Охридското Езеро
По целосното документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Седумдесет и петгодишен жител на охридското село Пештани е приведен поради сомнение за незаконит риболов во водите на Охридското Езеро.
Според информациите од полицијата, на 5 јуни 2026 година, околу 01:05 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ го затекнале лицето при извршување на кривичното дело „незаконит риболов“.
При акциската контрола биле пронајдени и одземени повеќе парчиња риба, како и една рибарска мрежа.
По целосното документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.




