Skip to main content

Eзерото мора да се спаси

Охридското езеро мора да се заштити од еколошка деградација. Ова не е само тема на денешната трибина која се оддржа во Охрид, туку и заклучок од повеќето релевантни фактори кои ја следат состојбата со се она што му се случува на Охридското езеро.

 |  Билјана Николовска  | 
Ohridsko ezero
Охридско езеро
TribinaСветскиот проблем со загадувањето на водите му се заканува и на Охридското езеро. Оваа го констатираа експертите на хидробиолошкиот институт на денешната трибина која се одржа во Охрид на тема „да го заштитиме крајбрежието на Охридското езеро од еколошка деградација“. Др Ленче Локоска потенцира дека за среќа Охридскот езеро постојано се надополнувасо свежа изворска вода и точно поради тоа езерото опстојува милион години. Но, тоа што го поправа природата го уништува човекот. Човечкиот фактор има големо негативно влијание врз разновидниот растителен и животински свет во Охридското езеро, додава таа.
Дека квалитетот на водата не е идеален и онаков како што се прикажува, потврди и директорот на РЕ „Колектор“ Ваит Аиро. И Екологистите комплетно ја поддржаа темата на трибината. Тие сметаат дека добро е што надлежните институции конечно ќе се заложат па можеби и ќе направат нешто за излез одваквата состојба која е сериозна закана за бисерот на Охрид.
Но, на оваа трибина запоставени се најдоа спортските риболовци. Претседателот на СРК „Св Апостол Петар“, Радован Димитриевски вели дека Хидробиолошкиот институт  нема податоци за состојбата со загадувањето кое потекнува од каналот „Студенчишта“.
После оваа трибина јасни се заклучоците кои произлегоа од истата, дека мора сите релевантни институции од локално, централно па и светски ниво добро да ги засукаат ракавите и да помогнат да се зачува Охридското езеро.

{loadposition content9}