Skip to main content

Вечерва ќе се врши дезинсекција против комарци

„Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.Исто така се молат и граѓаните во тој период да го намалат своето движење на посочениот опфат.“ – апелираат од општината.
 |  инфодеск  | 


Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид  дека  на   ден  08.06.2026 год.  (понеделник )   ќе  се спроведе теристичка (од земја ) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 19 часот во понеделник  до 06 часот во вторник.

Со дезинсекцијата ќе биде  опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмолје до  комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река.

„Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.Исто така се молат и граѓаните во тој период да го намалат своето движење на посочениот опфат.“ – апелираат од општината.

Додаваат дека во случај на појава на неповолни временски услови  (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.