ЈП Градски Пазар Охрид објави повик за издавање локација за урбана опрема за продажба на уметнички слики и книги

ЈП Градски Пазар Охрид објавува повик за издавање простор, локација за поставување урбана опрема за комерцијално користење. Урбаната опрема е наменета за продажба на уметнички слики и книги, а се наоѓа на Булевар „Македонски Просветители“ во Охрид.
Графичкиот приказ со нумерички ознаки на урбаната опрема е даден во шематскиот приказ кој е составен дел од огласот.
Урбаната опрема ќе се издава за период од 15 јуни 2026 година до 15 септември 2026 година.
Заинтересираните субјекти своите пријави треба да ги достават најдоцна до 5 јуни 2026 година, до 12:00 часот.
Графичките прикази со нумерички ознаки на урбаната опрема заинтересираните лица можат да ги преземат од веб-страницата на ЈП Градски Пазар Охрид или лично во просториите на претпријатието, секој работен ден од 07:00 до 15:00 часот.
Повеќе информации се достапни на ЈП Градски Пазар Охрид.




