Skip to main content

Во петок прва самостојна изложба на младата охриѓанка Стефанија Алачкоска, „Огледало на Охрид“

Изложбата насловена „Огледало на Охрид“, ќе биде поставена во „Летница“, кујна и бар,  со почеток во 19:00 часот.
 |  инфодеск  | 

Во петок, 12. јуни, ќе биде отворена првата самостојната изложба на уметнички дела на младата охриѓанка Стефанија Алачкоска.

Изложбата насловена „Огледало на Охрид“, ќе биде поставена во „Летница“, кујна и бар,  со почеток во 19:00 часот.

Ќе бидат изложени околу 20 дела, а посетителите ќе можат да уживаат во дела со мотиви од Охрид – пејзажи, икони, како и неколку цртежи од различни тематики.