Skip to main content

Од денеска привремен режим на сообраќај во стариот дел на Охрид

Сообраќајот на овој дел ќе биде забранет до 16 јуни.
 |  инфодеск  | 
star grad

Поради дефект на канализационата мрежа на дел од УЗ Стар град, од денеска ќе има привремен режим на сообраќајот.

Градежните зафати ќе бидат на дел од улицата „Климентов Универзитет“ до пресекот со улиците „Аргир Маринчев“ и „Петар Чаулев“, информираат од општина Охрид.

Сообраќајот на овој дел ќе биде забранет до 16 јуни.