Skip to main content

Тешко повреден работник при пад од кров на една од зградите на охридскиот аеродром

Повредениот, 44-годишен жител на Кавадарци, бил пренесен во Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, каде што е задржан на понатамошно лекување.
 |  инфодеск  | 
Аеродром Охрид

На 8 јуни 2026 година во 11:25 часот во СВР Охрид било пријавено дека при изведување градежни работи на кров на една од зградите на Меѓународниот аеродром „Св. Апостол Павле“ во Охрид, работник паднал и се здобил со тешки телесни повреди.

Повредениот, 44-годишен жител на Кавадарци, бил пренесен во Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, каде што е задржан на понатамошно лекување.

Полициски службеници извршиле увид на местото на настанот, а надлежните служби работат на целосно расчистување на околностите под кои се случила несреќатa, информираат од СВР Охрид.