Skip to main content

Изложба „Македонски автори од Збирката на современа уметност“ по повод 75 години од НУ Завод и Музеј – Охрид

Свеченото отворање ќе се одржи на 12 јуни со почеток во 20 часот во просториите на НУ Завод и Музеј – Охрид. Изложбата ќе биде достапна за посетителите до 8 јули.
 |  инфодеск  | 

По повод одбележувањето на 75 години од основањето на НУ Завод и Музеј – Охрид, на 12 јуни ќе биде отворена изложбата „Македонски автори од Збирката на современа уметност“.

Изложбата претставува избор на дела од богатата музејска колекција, преку кои посетителите ќе имаат можност да се запознаат со значајни македонски автори и уметнички правци што оставиле траен белег во развојот на современата македонска уметност.

Поставката нуди ретка можност јавноста повторно да се сретне со дел од културното наследство што институцијата го собира, чува, проучува и презентира во текот на своето 75-годишно постоење.

Куратор на изложбата е м-р Сашо Блажески.

Свеченото отворање ќе се одржи на 12 јуни со почеток во 20 часот во просториите на НУ Завод и Музеј – Охрид. Изложбата ќе биде достапна за посетителите до 8 јули.