Skip to main content

Наместо полни тераси,  затворени  локали на старт на летната сезона

На самиот почеток на туристичката сезона, неколку угостителски објекти во Охрид затворени по контроли на Државниот пазарен инспекторат. Го пречекориле работното време. Хотелската асоцијација предупредува ваквите мерки испраќаат лоша слика за туристичката дестинација, бараат поголема флексибилност во санкционирањето на прекршителите. Опомени и парични казни а не затворање на локали.
 |  инфодеск  | 

На самиот почеток на туристичката сезона, неколку  угостителски објекти во Охрид затворени по контроли на Државниот пазарен инспекторат. Вака не се гради туристичка дестинација, реагираат од ХОТАМ откако неколку  угостителски објекти   во Охрид беа ставени под клуч поради пречекорување на работно време.

Угостителите велат  контролите се неопходни, санкции  треба да има  следствено на прекршокот, но затворањето на објектите во најважниот период од годината носи штети   за бизнис секторот, локалната економија и државата.


„Не може да се сложиме и да кажеме во ред е да се затвори еден објект во јуни, јули или август. Прво поради тоа што сезоната е многу кратка и целатат дестинација изгледа убаво кога сите се средени, наместени и во функција. Ако нешто некаде е затворена не изгледа убаво и кон туристите. Целата дестинација изгледа подобро кога сите објекти се отворени и во функција. Кога нешто е затворено, тоа остава лош впечаток кај туристите.”– вели Крсте Блажевски, Претседател на ХОТАМ.

Од ХОТАМ велат  туристичката сезона е кратка,  а токму во  летните месеци угостителите остваруваат приходи. .Поголемиот дел од нив неможејќи да ги издржат трошоците се самозатвораат во зима.


 „Паричните казни ги разбираме, но затворањето на угостителски објекти не е добро решение Ние седиме затворени по неколку месеци во текот на годината посекако. И сега кога ќе дојде време тој објект да вади промет  и за сосптвениците и за државата, нели има ДДВ на тој проемт ние сами си го сечеме тоа да не може да работи обејктот да нема никаков промет губи и државата и самиот сектор и вработените како ќе се извадат плати а зборуваме за покачување на платите.
“ – вели Блажевски.

Угостителите  бараат измени во санкциите наместо  клуч на врата, користење на опомени и парични глоби.  Апелираат инспекциските контроли да ги има и во зима, кога локалите им се затворени и празни,а  не само  за време на летната сезона.

Новинар Соња Рилковска