Мафијата годишно „врти“ 20 милијарди евра преку екологија
Италијанската мафија во областа на животната средина во текот на 2009. година „свртела“ 20,5 милијарди евра, се наведува во извештајот кој денеска во Рим го објавила италијанската организација за заштита на животната средина, Легамбиенте.
Главните активности на мафијата чија цел на делување зависи од сивата економија, во еколошкиот сектор опфаќа кривични дела со управувањето на отпадот, производството на цемент со лош квалитет и загадување на крајбрежните подрачја и морето.
Во врска со отпадот, кривичните дела на мафијата вклучуваат управување на диви депонии и испраќање во Африка или на Блискиот исток исправни делови од компјутери, претставени како неупотреблива опрема.
Бројот на кривични дела е значајно зголемен во секторот на отпадот (33 отсто) и оштетување на растителниот и животинскиот свет (58 отсто).
„Мафијата се потврди како цврст и моќен холдинг кој ја загрозува иднината на земјата, одземајќи и ги скапоцените ресурси на легалната економија,“ вели претседателот на Легамбиенте, Виторио Кољати Деза.
{loadposition content9}