Skip to main content

УХМР

Нестабилно време со услови за невреме и град, од викендот стабилизација

Температурите во Охрид ќе се движат во интервал од 13 до 29 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 
Охридско езеро , облачно време

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Температурите во Охрид ќе се движат во интервал од 13 до 29 степени Целзиусови.

Од УХМР најавуваат дека утре попладне и петок процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и невреме со услови за појава на град, а температурата ќе опадне за неколку степени. За време на викендот времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност и посвежо.