Skip to main content

општина охрид

Завршија Детските Прличеви беседи

Успешно завршена 3. манифестација „Детски Прличеви беседи“.
 |  инфодеск  | 

Успешно заврши манифестацијата „Детски  Прличеви беседи“ што годинава се одржаа по трет пат во организација на  ЗГ „Охрид Култ 366“, а под покровителство на Општина Охрид.

Ученици од повеќе македонски градови  преку поетски творби, есеи, рецитаторски и ораторски настапи покажаа дека младите генерации достојно ја продолжуваат традицијата на Прличев. Спомен куќата на Григор Прличев“ деновиве беше исполнета со талентирани деца, поезија, прекрасни мисли и изразена  љубов кон македонскиот литературен збор.