УХМР
Нестабилно време до утре, викендот носи стабилизација и посвежи денови
Денешните температури во Охрид од 13 до 28 степени Целзиусови.

Од УХМР информираат дека денес ќе се задржи топло време. Попладне, во текот на ноќта и утре, особено претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²) и услови за невреме со појава на град. Утре ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северeн правец (над 60 km/h), а дневната температура ќе опадне од 5 до 7 степени. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и посвежо. Од понеделник температурите повторно ќе бидат во пораст.
Денешните температури во Охрид од 13 до 28 степени Целзиусови.




