Професорот Љупчо Кеверески изработи „Прирачник за родители на надарени и талентирани деца“

Професорот Љупчо Кеверески од Педагошкиот факултет во Битола изработи Прирачник за родители на надарени и талентирани деца, што е значајна литература што нуди практични насоки и совети за препознавање, поттикнување и развој на потенцијалите кај децата.
-Содржините во прирачникот можат да бидат од голема корист за родителите во нивната секојдневна поддршка на напредните вештини, знаења и интереси на своите деца. Упатувам искрена благодарност до професорот Кеверески за овој придонес и ги охрабрувам родителите да го прочитаат и да ги применат препораките што ги содржи. Воедно, потсетувам дека Министерството за образование и наука предводи процес на подготовка на Национална концепција за откривање, развој и поддршка на надареноста и талентите во Македонија. Во документот ќе бидат предвидени конкретни мерки за навремена детекција, развој и стимулација на извонредноста кај учениците. Во процесот активно се вклучени повеќе институции и експерти, така што сигурна сум дека ќе добиеме квалитетен документ кој за прв пат системски ќе ја уреди оваа област, информира министерката за образование, проф. д-р Весна Јаневска.




