Skip to main content

Митрополитот Георгиј денес оствари средба со Архиепископот Михаил од Православната Црква во Америка

Претставници на Православната Црква во Америка во посета на Дебарско-кичевската епархија
 |  инфодеск  | 

Во просториите на Дебарско-кичевската Митрополија во Охрид, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, денеска оствари средба со Архиепископот Михаил од Православната Црква во Америка (ПЦА).

-Во придружба на Архиепископот Михаил, меѓу останатите, беа и протопрезвитер-ставрофор Јован (Џон) Паркер, декан на Православната семинарија „Св. Тихон“, во Пенсилванија и протопрезвитер-ставрофор Јосија (Џосаја) Тренам, познат православен мисионер, информираат од Дебарско-кичевската епархија, при МПЦ-ОА.