Skip to main content

Дел од Охрид денес повеќе часови без вода

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектот.
 |  инфодеск  | 
Прекин вода

Поради дефект на водоводната мрежа, денес од 08:30 часот без вода повеќе часови ќе останат корисниците на улицата „Јордан Мијалков“.

Од ЈП „Водовод“ – Охрид информираат дека поради интервенцијата, со намален притисок во водоснабдувањето ќе бидат и жителите од високата зона на градот, како и селата Лескоец и Горно Лакочереј.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектот. Од претпријатието најавуваат дека активностите ќе продолжат сè до целосно завршување на санацијата и нормализирање на водоснабдувањето.