Skip to main content

Започна фудбалскиот Мундијал 2026 – Светот повторно живее за фудбалот

Натпреварите ќе се играат на 16 стадиони во трите земји-домаќини, додека големото финале е закажано за 19 јули.
 |  инфодеск  |  ,

Со свечена церемонија во Мексико Сити и натпреварот помеѓу домаќинот Мексико и Јужноафриканската Република, официјално започна Светското првенство во фудбал 2026, најголемиот Мундијал во историјата на овој спорт.

Турнирот за првпат се одржува во три земји, САД, Мексико и Канада, а на него учествуваат рекордни 48 репрезентации кои ќе одиграат вкупно 104 натпревари. Натпреварите ќе се играат на 16 стадиони во трите земји-домаќини, додека големото финале е закажано за 19 јули.

Отворањето беше проследено со спектакуларна програма и настапи на светски музички ѕвезди, пред повеќе од 80.000 гледачи на легендарниот стадион „Ацтека“, каде што беше означен почетокот на едномесечната фудбалска магија. На свеченото отворање настапија мексиканскиот бенд Мана, Џеј Балвин и Рајан Кастро, кои со своите хитови ја загреаја атмосферата пред преполните трибини. Вистинска кулминација донесе Шакира, која заедно со Бурна Бој изведе спектакуларен настап и го воодушеви присутниот аудиториум.

Во следните недели, љубителите на фудбалот ќе имаат можност да уживаат во натпревари на најдобрите светски селекции, кои ќе се борат за најпрестижниот трофеј во светскиот фудбал. Актуелниот шампион Аргентина ќе се обиде да ја одбрани титулата освоена во Катар во 2022 година.

Мундијалот 2026 веќе започна да ја обединува планетата преку спортот, а наредните денови се очекуваат бројни возбудувања, изненадувања и незаборавни фудбалски моменти.

Фотоградија: Rodrigo Oropeza/AFP; Natacha Pisarenko/AP