Skip to main content

УХМР

Сончево и топло со температури до 27 степени Целзиусови

Минималните температури денес во Охрид од 11, а максималните до 27 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните од западен, кој наместа повремено ќе засилува, а долж Повардарието и во источните делови од југоисточен правец.

Од УХМР информираат дека во текот на седмицава ќе преовладува топло време. Утре ќе има локален развој на нестабилна облачност, а во среда на повеќе места се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од четврток времето ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот.

Минималните температури денес во Охрид од 11, а максималните до 27 степени Целзиусови.