Skip to main content

Пливачите на „Акваспирит“ со одличен настап на „Теута Куп 2026“ во Драч

Пливачкиот клуб „Акваспирит“ забележа успешен настап, при што сите натпреварувачи ги подобрија своите лични резултати и достојно го претставија клубот на меѓународната сцена.
 |  инфодеск  | 

Изминатиот викенд на олимпискиот базен „Так Дафа“ во Драч, Албанија, се одржа 5. Интернационален пливачки натпревар „Теута Куп 2026“, во организација на Пливачкиот клуб Теута.

Пливачкиот клуб „Акваспирит“ забележа успешен настап, при што сите натпреварувачи ги подобрија своите лични резултати и достојно го претставија клубот на меѓународната сцена.

Посебно се истакна Анастасија Цветаноска, која во силна конкуренција на пливачки родени во 2009 и 2010 година го освои второто место во дисциплината 100 метри градно, закитувајќи се со сребрен медал.

Покрај неа, одлични настапи имаа и Лина, Христина, Кирил, Кален, Филип, Калин, Дамир, Филип и Мартин, кои со своите резултати придонесоа за успешното претставување на „Акваспирит“.

Од клубот изразуваат задоволство од постигнатите резултати и напредокот на пливачите, а на Анастасија Цветаноска ѝ посакуваат уште многу спортски успеси и нови медали во иднина.