Советниците утре ќе одлучуваат за нови членови во управните и надзорните одбори на јавните претпријатија
Советниците ќе расправаат и за предлог-одлука за поништување на постапката за доделување договор за јавно-приватно партнерство за поставување фотоволтаични централи на општински објекти.

Советот на Општина Охрид утре, 16 јуни 2026 година (вторник), со почеток во 9 часот ќе ја одржи својата 11-та седница во зградата на локалната самоуправа.
На дневен ред се вкупно 29 точки, меѓу кои разрешување и избор на членови во управните и надзорните одбори на јавните претпријатија „Билјанини Извори“, „Водовод“, „Градски гробишта“, „Градски пазар“, „Нискоградба“ и „Охридски комуналец“.
Советниците ќе расправаат и за предлог-одлука за поништување на постапката за доделување договор за јавно-приватно партнерство за поставување фотоволтаични централи на општински објекти, како и за повеќе предлог-одлуки поврзани со урбанистичко-планска документација на подрачјето на Општина Охрид.



