Skip to main content

Цените на горивата во Македонија од полноќ се зголемуваат, во светот цената на нафтата на најниско ниво во последните три месеци

Горивата од полноќ поскапуваат од половина денар до два денари
 |  инфодеск  | 
Горива

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,10% во однос на одлуката од 8.6.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 2,178%, кај дизелот за 4,441%, кај екстра лесното масло за 5,099% и кај мазутот намалувањето е за 3,635%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,5395%.

РКЕ во оваа пресметка ги вкалкулира референтните износи на акцизите за ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), со оглед на истекот на Одлуката за изменување на Одлуката за определување на видот на енергентите, временскиот период и начинот на пресметка на акцизата.

Од 16.6.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 87,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 90,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 87,50 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 86,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 46,223 (денари/килограм)
  • Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 ден/лит.
  • Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит.
  • Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден/лит.

Инаку, цената на северноморската нафта брент падна за околу 4–5 проценти и се спушти на околу 83–84 долари за барел, додека американската WTI изгуби повеќе од 5 проценти. Според Ројтерс, ова е едно од најголемите дневни намалувања во последните месеци. Главната причина е што инвеститорите почнаа да го отстрануваат т.н. „геополитички премиум“ од цената на нафтата. Во претходните недели стравот од ескалација на конфликтот и можни прекини во снабдувањето ја туркаше цената нагоре. Со најавата за прекин на непријателствата и враќање на транспортот низ Ормускиот Теснец, пазарот процени дека ризикот од недостиг на нафта значително се намалува.