Skip to main content

АХВ запре увоз на речиси 24 тони пилешко месо од Бразил поради ризик од птичји грип

На сила е забрана за увоз на живи животни, производи и нус производи од животинско потекло, заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година заради заштита од внесување на вирусот на високопатогена авијарна инфлуенса (птичји грип) во земјава.
 |  инфодеск  | 

Официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), спречија увоз на 23.685 килограми замрзнато пилешко месо по потекло од Бразил.

Поради непочитување на донесеното решение за забрана за увоз на живи животни, производи и нус производи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високопатогена авијарна инфлуенса (птичји грип) во земјава, пратката со змрзнатото пилешко месо е одбиена, бидејќи истата била произведена во јануари 2025 година, а согласно донесеното решение забранет е увозот на пратки кои се добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година, велат од АХВ.

Официјалните ветеринари на овој граничен премин, поради истата причина и во декември 2025 година во Бразил вратиле пратка со над 26 тони замрзнат пилешки батак, посочуваат од АХВ.

Оттаму упатуваат апел до увозниците на храна во земјава да ги почитуваат законските, подзаконските акти и стандардите кои се однесуваат на безбедноста, бидејќи здравјето на граѓаните е приоритет и за Агенцијата и за државата.