Skip to main content

Општина Струга отстрани нелегално поставена урбана опрема од јавни површини

Локалните власти апелираат до правните и физичките лица да ги почитуваат законските процедури и прописи при користењето на јавните простори, со цел да се обезбеди уредна и безбедна урбана средина.
 |  инфодеск  | 

Надлежните општински служби во Струга денеска спроведоа акција за отстранување на урбана опрема која била поставена без соодветно одобрение на јавна површина. Продолжуваат активностите за заштита, уредување и правилно користење на јавните површини во градот, информираа од Општината.

Оттаму посочуваат дека поставувањето на урбана опрема, рекламен материјал, инвентар и други елементи на јавни простори е дозволено исклучиво по добивање на потребните одобренија од локалната самоуправа.

„Јавните површини се заедничко добро на сите граѓани и нивното уредно користење придонесува за поголема безбедност, функционалност и подобар изглед на градот“, потенцираат од Општина Струга.

Локалните власти апелираат до правните и физичките лица да ги почитуваат законските процедури и прописи при користењето на јавните простори, со цел да се обезбеди уредна и безбедна урбана средина.

Од Општината нагласуваат дека ќе продолжат со редовни контроли и активности насочени кон заштита на јавниот интерес, како и кон зачувување и унапредување на јавните површини во градот.