ЈЗУ Општа Болница Охрид доби донација на медицински помагала

ЈЗУ Општа Болница Охрид доби значајна донација на медицински помагала кои ќе придонесат за подобрување на условите за лекување, рехабилитација и секојдневна грижа за пациентите.
Во рамките на донацијата обезбедени се: 3 кислородни концентратори; 2 дубаци без тркалца; 13 дубаци со тркалца; 5 инвалидски колички, обезбедени преку „Letz Catz“ и Здружението за ретки болести. Како и 10 инвалидски колички, донација од „Кипер Маркети“.



Добиените медицински помагала ќе бидат ставени во функција на пациентите на кои им е потребна поддршка при движење и рехабилитација, со што директно ќе се подобрат условите за нивно лекување и закрепнување.
Од ЈЗУ Општа Болница Охрид упатија искрена благодарност до донаторите за нивната општествена одговорност, хуманост и поддршка на здравствениот систем.


