Skip to main content

Осмо издание на Меѓународниот хорски фестивал „Гласот на Охрид” во сабота во црквата „Св.Софија”

Меѓународниот хорски фестивал „Гласот на Охрид” ќе се одржи во катедралната црква „Св.Софија” со почеток во 19:00 часот, а влезот е слободен.
 |  инфодеск  | 

По осми пат, во сабота, ќе се одржи Меѓународниот хорски фестивал „Гласот на Охрид”, организиран од охридскиот градски хор „Вокс Лихнидос”.

Фестивалот ќе собере различни хорови, а публиката ќе може да ужива во различни музички жанрови, од класична музика до современи аранжмани и да биде дел од магијата што ја носи хорската уметност.

Охридските хористи ќе настапат со четири композиции: Bogoroditse dyevo i Gospodi Isuse od Shnittke, потоа Kyrie – К. Jenkins и Lullabye – B. Joel.  Премиерно во Македонија ќе ја изведат композицијата „Море сокол Јане” од македонскиот композитор Гоце Гавриловски, со кој охридскиот хор има плодна соработка.

Ќе настапат три ансамбли од Словенија, женскиот хор „Соча” и машкиот хор „Кромбершки водопивци” од Нова Горица и детскиот хор „Кунгота”, потоа два ансамбли од Србија, хорот „Атендите” при Културниот центар Кикинда и Црковниот хор при Соборен храм на српски светители, а од Македонија настапуваат женскиот младински хор при МКЦ Скопје и мешаниот хор „Драган Шуплевски” предводени од диригентот Сашо Татарчевски.

Меѓународниот хорски фестивал „Гласот на Охрид” ќе се одржи во катедралната црква „Св.Софија” со почеток во 19:00 часот, а влезот е слободен.