Skip to main content

Општина Охрид организира јавна презентација и стручна расправа за измените на ГУП за УЗ 4 УБ 4.4

Стручната расправа ќе се одржи на 17 август 2026 година со почеток во 12 часот во Големата сала на Општина Охрид.
 |  инфодеск  | 

Општина Охрид организира јавен увид, јавна презентација и стручна расправа по Нацрт-планот за изменување и дополнување на Генералниот урбанистички план за УЗ 4 УБ 4.4, во рамки на обединета постапка со изработка на Детален урбанистички план за истиот опфат.

Нацрт-планот ќе биде достапен за увид од 6 јули до 5 август 2026 година преку системот е-урбанизам, на веб-страницата на Општина Охрид, како и во хартиена форма во просториите на општината.

Стручната расправа ќе се одржи на 17 август 2026 година со почеток во 12 часот во Големата сала на Општина Охрид.

Граѓаните и заинтересираните страни ќе можат да доставуваат забелешки и предлози во рок од 15 дена по одржувањето на расправата, по што тие ќе бидат разгледани од стручна комисија и вклучени во извештајот од расправата.

Прочитајте повеќе ТУКА.