Skip to main content

Осветени нови камбани во храмот ,,Света Богородица Перивлепта” во Охрид

Чинот на осветувањето го изврши Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, во присуство на свештенството и верници.
 |  инфодеск  | 

Во храмот „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид денеска беа осветени три нови камбани, кои се дарувани за потребите на храмот.

Чинот на осветувањето го изврши Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, во присуство на свештенството и верници.

Од Дебарско-кичевската епархија истакнуваат дека новите камбани ќе имаат значајна улога во духовниот живот на храмот, упатувајќи постојан повик кон молитва, богослужение и духовно будење.

„Нека нивниот милозвучен звук, излеан како повик за молитва и духовно будење, постојано го собира и укрепува верниот народ, сведочејќи за радосната вест и повикувајќи кон покајание и благодарност кон Бога“, порачаа од Епархијата.