Skip to main content

НУ Центар за култура ,,Браќа Миладиновци” – Струга

Утре во Струга ќе се одржи завршниот концерт на Школата за византиска музика „Калистрат Зографски“

Влезот е слободен.
 |  инфодеск  | 

Школата за византиска музика „Калистрат Зографски“ ги поканува сите љубители на духовната музика на својот завршен концерт, кој ќе се одржи на 19 јуни (петок) со почеток во 20:00 часот во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ Струга.

Публиката ќе има можност да ужива во изведбите на детскиот, женскиот и машкиот хор, кои преку богатата програма ќе ја претстават убавината на византиската музичка традиција и духовното наследство.

Концертот претставува круна на годишната работа на учениците и нивните ментори, а организаторите најавуваат вечер исполнета со духовна музика, традиција и уметност.

Влезот е слободен.