Стружанец се повредил при риболов со харпун во Охридското Езеро
По наредба на јавен обвинител, харпунот и целокупната риболовна опрема се одземени за понатамошна постапка. По целосното документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.

Триесет и едногодишен жител на Струга се повредил при риболов со харпун во водите на Охридското Езеро, во близина на автокамп на охридското крајбрежје.
Настанот бил пријавен на 18 јуни околу 22:25 часот во Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ во Охрид. По пријавата, полициски службеници презеле мерки и активности и го пронашле повредениот риболовец.
Тој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Струга, каде што бил задржан на понатамошно лекување.