Skip to main content

Прв работен состанок на Локалниот управен комитет за изработка на Локален еколошки акционен план за 2026–2032 год

Во кратката дискусија, членовите на ЛУК се согласија во овој акционен план да се внимава на реализација на реално остварливи проекти, односно да се обрати внимание на квалитетот пред квантитетот, соопштија од локалната самоуправа.
 |  инфодеск  | 

Согласно одлуката на Советот на Општина Охрид од 26 мај годинава, за изработка на Локален еколошки акционен план (ЛЕАП) за животна средина за периодот 2026-2031 година, денеска членовите на Локалниот управен комитет (ЛУК) го одржаа првиот состанок.

Воведно излагање имаше координаторот Јасминка Трајковска Момироска, а претставник од Друштвото за консултантски услуги „Деконс – Ема” ДООЕЛ Скопје, ја презентираше методологијата за изработка на ЛЕАП. На состанокот беше усвоен и деловникот за работа на Локалниот управен комитет и беа формирани работните групи кои ќе учествуваат во изработка на ЛЕАП. Веднаш потоа се одржа и сотанок на работните групи.