Skip to main content

амсм

АМСМ: Зголемена фреквенција на „Богородица“, „Дојран“ и „Табановце“, за влез во државата се чека околу половина час

АМСМ информира дека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања ниту за влез, ниту за излез од државата.
 |  инфодеск  | 

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Во нивното соопштение додаваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини “Богородица”, “Дојран” и “Табановце” се бележи зголемена фреквенција на возила за влез во државата, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.