Skip to main content

Потребни се политичка волја и конкретни мерки за заштита и зачувување на Охридското езеро

Загадувањето, урбанизацијата, масовниот туризам и сè поголемиот број пловни објекти се клучните закани со кои денес се соочува Охридското Езеро, едно од најстарите и најзначајните езера во Европа. Потребни се конкретни мерки за заштита и политичка волја за зачувување на еко системот. Ова е пораката, која беше испратена вчера на Денот на Охридското Езеро.
 |  инфодеск  |  ,

Со низа активности и настани, викендов   во трите крајезерски градови — Охрид, Струга и Поградец — беше одбележан 21 Јуни, Концерти, кајакарење, едрење беа дел од програмата посветена на подигнување на јавната свест за значењето и заштитата на овој уникатен природен бисер.

Централната манифестација се одржа во Струга, во присуство на претставници од трите општини. Покрај  еколошките предизвици, трите града гледаат и можност за заеднички туристички развој. Воведување  бродска линија, како и креирање заеднички туристички понуди.

„ Јас го честитам денот на езерото  денот кој не доближува ни дава можност да соработуваме и покажеме дека  имаме и заендички проблеми но и заеднички можности да ја унапредуваме сорбаотката во делот на туризмот и ова богатсфво. Ние како три ргада промовираме трин нови рпоекти бродксата линија Поградец Струга Охрид, друг проект е заеднички групи кои ќе се движат низ трите града и патека за велосипеди и пешачење околу езерото.“ – изјави Менди Ќура градоначалник на Струга.

Градоначалникот на Поградец најави  дека се работи на решавање на проблемот со отпадните води, за да се намали загадувањето на езерото од албанска страна.

 „Што се однесува до Охридското Езеро во делот на Поградец, многу работевме на уредување на канализациската мрежа. Проблемот е актуелен само во крајезерската област Уденци, но и таму работиме многу напорно. Гарантираме дека повеќе нема да има испуштање отпадни води во Охридското Езеро. Стапивме во контакт и со канадска компанија која ќе помогне да се решат проблемите поврзани со отпадните води, но и со другиот отпад”, вели Илир Џаколи, градоначалник на Поградец.

Од општина Охрид велат заеднички со сите сили треба да се работи на заштитата на Охридското Езеро.

„На овој ден го славиме нашиот најголем бисер она што трите градови ги поврзува Охридското Езеро како едно од најстарите и најубавите во Европа познато поп своите природни богатства и ресурси односно огромните можности кои ги нуди за нашиот регион. Тоа не сначи дека ние соработуваме и се среќаваме само на овој ден туку нашата соработкатрае и континурирано ке продолжи во текот на целата година.“ – изјави Ана Крстеска заменик -градоначалник на Охрид.

Денот на Охридското Езеро трите крајезерски градови, Охрид, Струга и Поградец заеднички го одбележуваат од 2000 година, кога беше потпишана Декларацијата за заштита на езерото.

Соња Рилковска