Skip to main content

Во тек е конкурсот за најдобар расказ во рамки на „Вечер на Живко Чинго“

Крајниот рок за доставување на расказите е 6 јули 2026 година, па заинтересираните автори имаат уште неколку дена да ги испратат своите литературни творби.
 |  инфодеск  | 
zivko cingo

Во тек e Конкурсот за најдобар расказ, кој традиционално се организира во рамки на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“.

Право на учество има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија, кој може да конкурира со свој авторски расказ. Трудовите треба да бидат доставени во печатена форма, во три примероци и под шифра, без лични податоци за авторот.

Пријавите се доставуваат на адреса: Општина Охрид, ул. „Димитар Влахов“ бр. 57, со назнака „За Конкурсот за расказ“, додека авторското право се докажува со четврти примерок од трудот.

Крајниот рок за доставување на расказите е 6 јули 2026 година, па заинтересираните автори имаат уште неколку дена да ги испратат своите литературни творби.

Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени во дневниот печат најдоцна до 31 јули 2026 година.

За најдобриот расказ е предвидена парична награда во износ од 30.000 денари, која ќе биде врачена на манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“. Настанот традиционално се одржува во Велгошти, родното место на еден од најзначајните македонски раскажувачи, Живко Чинго.

Манифестацијата е посветена на животот и творештвото на Живко Чинго и претставува еден од најзначајните културни настани во охридскиот регион, со долгогодишна традиција во афирмацијата на македонската книжевност и современото раскажување.