Skip to main content

Јован Стојоски постави нов национален рекорд на 400 метри со пречки

Новиот рекорд претставува уште едно значајно достигнување во кариерата на Стојоски и потврда дека тој е меѓу најдобрите атлетичари на Балканот во дисциплината 400 метри со пречки.
 |  инфодеск  | 

Македонскиот атлетичар Јован Стојоски постави нов национален рекорд на трката на 400 метри со пречки, на Балканското првенство за сениори што се одржува во Волос, Грција.

Стојоски патеката ја истрча за 51.78 секунди, подобрувајќи го сопствениот национален рекорд од 52.23 секунди, кој го постави пред само една недела.

Со подобрување од 0.45 секунди, македонскиот репрезентативец уште еднаш ја потврди одличната форма во која настапува оваа сезона и продолжи да ги поместува границите на домашната атлетика во оваа дисциплина.

Новиот рекорд претставува уште едно значајно достигнување во кариерата на Стојоски и потврда дека тој е меѓу најдобрите атлетичари на Балканот во дисциплината 400 метри со пречки.

По повод успехот, Атлетската федерација на Македонија му упати честитки на Стојоски, посакувајќи му уште многу рекорди и успешни настапи на меѓународната сцена.