Skip to main content

управа за јавни приходи

За денес најавен привремен прекин на „МојДДВ“

УЈП: Недостапноста е поради миграција на системот на нова инфраструктура со цел обезбедување поголема сигурност и достапност на услугата.
 |  инфодеск  | 
Мој ддв

Управа за Јавни Приходи – УЈП ја информира јавноста дека поради планирани активности за унапредување на ИТ инфраструктурата на Управата за јавни приходи, денес 23.06.2026 година (вторник) од 12:00 часот апликацијата МојДДВ ќе биде привремено недостапна.

Во нивното соопштение додаваат дека недостапноста е поради миграција на системот на нова инфраструктура со цел обезбедување поголема сигурност и достапност на услугата и дека системот ќе биде повторно ставен во функција веднаш по завршување на активностите.