Како брзо да го разладите автомобилот со „јапонската техника“

Најдобар начин да избегнете прегревање е да го паркирате автомобилот во сенка или на место заштитено од директна сончева светлина, но сите знаеме дека во градски услови тоа не е секогаш изводливо.
Возачите често користат различни превентивни методи за да спречат внатрешноста на возилото да достигне екстремно високи температури: поставување заштитници од сонце (рефлектирачки фолии на шофершајбната), затемнување на стаклата со авто-фолии, оставање на прозорците подотворени еден до два сантиметри за да циркулира воздухот.
Сепак, кога ќе настапат екстремни топлотни бранови, овие методи често не се доволни и автомобилот неизбежно станува премногу жежок. Токму тогаш на сцена стапува методот за брзо исфрлање на врелиот воздух од кабината.
Како брзо да го разладите автомобилот со помош на „јапонската техника“
Овој популарен трик за експресно намалување на температурата е неверојатно едноставен, не троши ниту капка гориво и трае само една минута.
Спуштете го прозорецот на совозачката врата целосно. На спротивната страна брзо отворајте ( до крај) и затворајте ја возачката врата неколку пати по ред ( 5-6 пати).
Со ова движење се создава струење на воздухот што помага брзо да се исфрли насобраниот врел воздух од внатрешноста на автомобилот, па кабината станува попријатна уште пред да го вклучите клима-уредот.




