Дел од улицата „Крум Точко“ денес неколку часа без вода
Екипите на претпријатието се веќе на терен и работат на отстранување на проблемот и нормализирање на водоснабдувањето во најкус можен рок.

Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 14:00 часот без водоснабдување ќе бидат корисниците на улицата „Крум Точко“ во Охрид.
Од ЈП „Водовод“ информираат дека прекинот ќе трае неколку часа, односно до целосно завршување на санацијата на дефектот.
Екипите на претпријатието се веќе на терен и работат на отстранување на проблемот и нормализирање на водоснабдувањето во најкус можен рок.




